Талибан бара учество на состаноците на Генералното собрание на ОН

Додека продолжуваат дискусиите за тоа кој ќе го претставува Авганистан во ОН, Талибан во писмото што го испрати до кабинетот на генералниот секретар на ОН истакна дека во организацијата треба да бидат оретставувани тие, а не поранешната Влада

1709083
Талибан бара учество на состаноците на Генералното собрание на ОН

Талибан од чија страна минатиот месец беше преземена власта во Авганистан испрати писмо до Обединетите нации (ОН) со барање да учествува на состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Додека продолжуваат дискусиите за тоа кој ќе го претставува Авганистан во Обединетите нации (ОН), Талибан во писмото што го испрати до кабинетот на генералниот секретар на ОН истакна дека во организацијата треба да бидат претставувани тие, а не поранешната Влада.

Заменик министерот за надворешни работи на привремената Влада на Талибан Емирхан Мутаки, испрати писмо до ОН во кое побара да учествува на состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на ОН.

Мутаки во писмото за постојат претставник на Авганистан во ОН го номинира Сухејл Шахин, еден од неговите портпароли.

Инаку, откако земјите ќе ги испратат имињата на кандидатите за амбасадори во ОН, тие имиња се одобруваат од страна на Комитетот за акредитација на Генералното собрание на ОН.

Авганистан во Обединетите нации (ОН) моментално сѐ уште е претставуван од страна на постојаниот претставник на претходната Влада Гулам Исакзаи.

 



Слични вести