Антонио Гутерес: Овде сум да алармирам за опасноста, се наоѓаме на работ на бездна

Антонио Гутерес на светските лидери, шефови на држави и премиери на влади на повеќе од 100 земји им се обрати со зборовите: „Овде сум да алармирам за опасноста. Светот мора да се разбуди. Се наоѓаме на работ на бездна и напредуваме во погрешна насока.“

1708823
Антонио Гутерес: Овде сум да алармирам за опасноста, се наоѓаме на работ на бездна

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во своето обраќање на отворањето на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД), во однос на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и климатските промени истакна дека светот, конечно, мора да се разбуди.

Гутерес на светските лидери, шефови на држави и премиери на влади на повеќе од 100 земји им се обрати со зборовите: „Овде сум да алармирам за опасноста. Светот мора да се разбуди. Се наоѓаме на работ на бездна и напредуваме во погрешна насока. Нашиот свет никогаш не бил повеќе загрозен или поделен.“

Осврнувајќи се на бројни прашања од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) до климатските промени, од кризите во Авганистан, Етиопија, Јемен и во другите земји до прекршувањата на човековите права и од нападите насочени против науката до нееднаквоста во пристапот и дистрибуцијата на вакцините, Гутерес напомена дека вакцинирањето е на рекордно ниво, но дека поради нееднаквостите во дистрибуцијата и пристапот до вакцини светот „е неуспешен во етичка и морална смисла“.

Тој привлече внимание дека луѓето пред нееднаквостите ја изгубија довербата кон владите и институциите и организациите, вклучувајќи ги и Обединетите нации (ОН), а воедно ја изнесе и следната критика: „Додека милиони луѓе се гладни, милијардерите за сопствено задоволство одат во вселената.“

Нагласувајќи дека треба наново да се воспостави изгубената доверба,  генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес појасни дека освен за кризите поготово во Авганистан, Мјанмар, Сирија, Либија и Јемен треба да се изнајде решение и за безизлезот во израелско-палестинскиот спор, како и да се воспостават мирот и безбедноста во светот.

 



Слични вести