Во реализирани 174 напади врз фурни во Сирија животите ги загубија 801 цивил

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави извештај во кој се истакнува дека во реализирани 174 напади врз фурни (пекарници) во различни градови во Сирија животите ги загубија вкупно 801 цивил од кои 109 деца и 70 жени

1707426
Во реализирани 174 напади врз фурни во Сирија животите ги загубија 801 цивил

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега во реализирани 174 напади на фурни животите ги загубија 801 цивил.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави извештај во врска со фурните (пекарниците) кои беа цел на напади од страна на конфронтираните групи во Сирија во периодот од март 2011 до септември 2021 година.

Во извештајот се истакнува дека фурните кои се наоѓаат во различни градови низ земјата во наведениот период биле цел на 174 напади.

Според тоа, режимските сили составени од Армијата на режимот и странските терористички групи поддржани од Иран реализирале 99 напади врз фурни (пекарници), Русија реализирала 50 напади, терористичката организација ДЕАШ 4 напади, коалиционите сили против ДЕАШ 9, вооружените опозиционери 1 и неидентификуваните вооружени групи реализирале 11 напади врз фурни (пекарници).

Во овие напади животите ги загубија вкупно 801 цивил од кои 109 деца и 70 жени.



Слични вести