САД: Турција и Катар вложуваат напори за започнување на редовните летови од Аеродромот во Кабул

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс истакна дека Турција и Катар вложуваат напори од Аеродромот во Кабул освен чартер летовите да бидат започнати и редовните летови

1706679
САД: Турција и Катар вложуваат напори за започнување на редовните летови од Аеродромот во Кабул

Портпаролот на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) Нед Прајс на одржаниот редовен дневен состанок за информирање на претставниците на печатот направи проценка во врска со најновата состојба во Авганистан.

Прајс истакна дека Турција и Катар вложуваат напори од Аеродромот во Кабул освен чартер летовите да бидат започнати и редовните летови.

Велејќи дека полека почнаа да се реализираат чартер летовите од Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Прајс рече дека реализирањето и на редовните летови од аеродромот се значајни, ѝ за авганистанскиот народ, ѝ за меѓународната заедница, ѝ за Талибан.

Тој напомена дека го следат со внимателност и одблизу и прашањето со тоа што никако не се започнати очекуваните летови и од градот Мезар-и Шериф за коишто се очекува да бидат започнати, а воедно истакна дека летовите од овој град треба да започнат и дека работат на ова прашање.

Од друга страна, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс исто така додаде дека од 31 август досега од Авганистан се евакуирани 36 американски граѓани и 24 лица кои располагаат со дозвола за престој во САД.



Слични вести