Русија изврши воздушни напади врз населени места во сириски Идлиб

медија, во  врска со реализираните воздушни напади истакна дека три руски воени авиони кои полетале од воздушната база Химејмим во Латакија рализирале напади врз населените места во подрачјето на Идлиб

1706662
Русија изврши воздушни напади врз населени места во сириски Идлиб

Русија реализира 15 воздушни напади врз селата Хамаме, Мазра и Зурзур во границите на подрачјето за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Авионската опсерваторија на опозиционерите на својот профил преку социјалната медија, во  врска со реализираните воздушни напади истакна дека три руски воени авиони кои полетале од воздушната база Химејмим во Латакија рализирале напади врз населените места во подрачјето на Идлиб.

Во реализираниот воздушен напад врз селото Зурзур беа бомбардирани местата и во близина на брикет куќите изградени од страна на една граѓанска организација за децата сираци.

Едната од исфрлените бомби од руските воени авиони од чија страна  беа реализирани воздушните напади паднала на 100 метри од куќите.

Во врска со овие воздушни напади не беа споделени информации за загинати или ранети.



Слични вести