ЕП одобри 14,2 милијарди евра од претпристапните фондови за земјите кандидати за членство во ЕУ

Европскиот парламент одобри 14,2 милијарди евра од претпристапните фондови за земјите кандидати и потенцијални земји кандидати за членство во ЕУ и тоа Турција, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, за периодот 2021 - 2027 година

1706778
ЕП одобри 14,2 милијарди евра од претпристапните фондови за земјите кандидати за членство во ЕУ

Европскиот парламент (ЕП), за третиот период од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) што се води со земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ) меѓу кои се наоѓа и Турција, одобри да бидат доделени претпристапни фондови во износ од 14,2 милијарди евра.

На седницата на Генералното собрание на Европскиот парламент што се одржа во францускиот град Стразбур, беше разговарано за претпристапните фондови за третиот период (IPA III) коишто ќе им бидат обезбедени на земјите кандидати и потенцијални земји кандидати Турција, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, за периодот 2021 - 2027 година.

Европратениците одобрија да биде обезбеден фонд од вкушно 14,2 милијарди евра за да се помогне за реформските применувања на земјите кандидати и потенцијални кандидати во врска со Европската унија (ЕУ) во наредните 7 години.

Претпристапните фондови од третиот период (IPA III) ќе бидат доделени со приод којшто се потпира на перформаност и во согласност со принципот на праведно споделување.

Ќе им се придаде посебно значење на реформите во сферите како што се владеењето на правото, фундаменталните права, демократските институции, јавната (државната) администрација, економскиот развој и конкурентноста.

 



Слични вести