Во Мексико киднапирани 20 лица

Полицијата, која изврши истрага на местото на настанот, објави дека вооружената група, во хотелот дошла со 3 минибуси

1706579
Во Мексико киднапирани 20 лица

Вооружената група која упадна во еден хотел во Мексико, киднапираше 20 странци, кои беа евидентирани како Венецуелци и држајани на Хаити.

Според вестите во мексиканскиот печат, вооружени лица извршиле упад во хотел во градот Матехуала во државата Сан Луис Потоси и киднапирале 20 странци.

Државниот обвинител Федерико Артуро Гарза Херера изјави дека утврдиле дека овие луѓе биле земени со сила и дека е започната голема истрага.

Полицијата, која изврши истрага на местото на настанот, објави дека вооружената група, во хотелот дошла со 3 минибуси и исчезнале земајќи ги во заложништво странците од венецуелско и хаитско потекло.

Властите започнаа операција за спасување на киднапираните странци.



Слични вести