Гутерес: Добиено е ветување за повеќе од 1,1 милијарда долари помош, донации за Авганистан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес овде истакна дека на меѓународната конференција на тема „Хуманитарната состојба во Авганистан“ во швајцарскиот град Женева е добиено ветување за повеќе од 1,1 милијарда долари помош, донации на Авганистан

1706027
Гутерес: Добиено е ветување за повеќе од 1,1 милијарда долари помош, донации за Авганистан

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес вчера додека продолжуваше онлајн конференцијата посветена на Авганистан одржа состаноик за претставниците на печатот во канцеларијата на организацијата во Женева.

Гутерес овде истакна дека на меѓународната конференција на тема „Хуманитарната состојба во Авганистан“ во швајцарскиот град Женева е добиено ветување за повеќе од 1,1 милијарда долари помош, донации на Авганистан.  

Велејќи „Оваа конференција одговори целосно на моите очекувања по прашањето на солидарноста со авганистанскиот народ“, Гутерес информира дека на конференцијата имаше големо учество и од граѓанските организации и меѓународните организации, а не само од владите. 

Гутерес истакна дека на конференцијата имаше учество од 96 земји членки на ОН од кои половуината на ниво на министри и дека освен тоа учествуваа и 33 меѓународни и регионални организации и 22 меѓународни граѓански организации.

Тој напомена дека чувствува задоволство од напорите коишто ги вложи меѓународната заедница на конференцијата за активирање на механизмот за доставување хуманитарна помош на авганистанскиот народ, а воедно рече дека е добиено ветување за помош, донации од над 1,1 милијарда долари.

Гутерес предупреди дека во Авганистан чиј народ доживува голема човечка трагедија и дека доколку дојде до колапс во економијата не може да ја спаси ниту хуманитарната помош, поради што појасни дека 38 милиони луѓе имаат потреба од помош во оваа земја. 

Споделувајќи ја информацијата дека од страна на Талибан е дадена писмена гаранција по прашањето на доставување на хуманитарна помош, Гутерес привлече внимание дека авганистанскиот народ доживува голема човечка трагедија. 

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во уводниот говор што го одржа на отворањето на конференцијата вчера, апелирајќи до повика меѓународната заедница побара хуманитарна помош за Авганистан до крајот на 2021 година во износ од 606 милиони долари за приближно 11 милиони луѓе кои имаат потреба од итна помош во оваа земја.  

Функционери на ОН истакнуваат дека секој трет Авганистанец не знае од каде ќе го добие следниот оброк.

 



Слични вести