Жозеп Борел: НАТО планира да отвори втор штаб во градот Ербил во Ирак

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел информира дека во градот Ербил во Ирак ќе биде отворен втор Штаб на НАТО за воените советници и дека воедно воените советници од ЕУ ќе ги продолжат своите работи во Регионалната курдска управа (ИКБЈ)

1704288
Жозеп Борел: НАТО планира да отвори втор штаб во градот Ербил во Ирак

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) Нечирван Барзани во градот Ербил кадешто допатува во посета, истакна дека НАТО планира да отвори втор штаб во Ербил во Ирак. 

Борел рече дека Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) одигрува значајна улога во стабилноста на Ирак и регионот и напомена дека ќе чувствуваат задоволство од добрите односи помеѓу Ербил и Багдад и воедно ќе работат за зајакнување на овие односи.

Појаснувајќи дека Европската унија (ЕУ) е одлучна да ја поддржува Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) против терористичката организација ДЕАШ, Борел рече дека свесни се за тоа дека организацијата се уште не е елиминирана.

Борел додаде дека освен тоа што во градот Ербил во Ирак ќе биде отворен втор Штаб на НАТО за воените советници, воените советници од Европската унија (ЕУ) ќе ги продолжат своите работи во Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ). 

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел завчера беше во посета и на главниот град на Ирак, Багдад, кадешто се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин.



Слични вести