Талибан соопшти дека е формирана преодната Влада на чело со Мола Мухамад Хасан Ахунд

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид на одржаниот состанок за претставниците на печатот во главниот град Кабул го соопшти составот на преодната Влада на чело со Мола Мохамад Хасан Ахунд

1704193
Талибан соопшти дека е формирана преодната Влада на чело со Мола Мухамад Хасан Ахунд

Откако Талибан завчера соопшти дека ја воспоставил целосно контролата во Авганистан, вчера соопшти дека е формирана преодната Влада на чело со Мола Мохамад Хасан Ахунд.

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид на одржаниот состанок за претставниците на печатот во главниот град Кабул го соопшти составот на преодната Влада.

Велејќи дека за вршител на должноста премиер е назначен Мола Мохамад Хасан Ахунд, Муџахид рече дека за негови помошници се назначени Мола Абдул Гани Барадар и Абдул Салам Ханафи.

Имиња кои се истакнуваат во соопштената преодна Влада на Талибан во Авганистан се:

Сираџудин Хакани - вршител на должноста министер за внатрешни работи,

Амир Кан Мутаки - вршител на должноста министер за надворешни работи,

Мохамад Јакуб Муџахид - вршител на должноста министер за одбрана.

Инаку, Талибан завчера соопшти дека завршија судирите со силите на Ахмед Месуд, лидерот на Фронтот за национален отпор во провинцијата Панџшир и дека целосно е воспоставена контролата во областа.

 



Слични вести