Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел во посета на Ирак

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во Багдад се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин со кого одржаа и заедничка прес-конференција

1703543
Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел во посета на Ирак

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел допатува во посета на главниот град на Ирак, Багдад, кадешто се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин.

Борел и Хусејин по средбата во ирачкото Министерство за надворешни работи одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин велејќи „Европската унија (ЕУ) е многу значајна за Ирак и меѓу нас постојат историски односи“, потсети дека во 2021 година беа потпишани стратешки договори со Европската унија (ЕУ) во економски, безбедносни и политички сфери. 

Хусејин ја изнесе следната констатација: „Европејците на ефикасен начин зазедоа место покрај нас во нашата борба против ДЕАШ. ДЕАШ не само за Ирак, беше закана и за Европа. Безбедноста на Ирак е еднаква со безбедноста на ЕУ.“

Осврнувајќи се на нерегуларната миграција, Хусејин го рече следното: „Криумчарите на луѓе и криминалните мрежи во Ирак под изговор дека ќе ги однесат во Европа земаат големи суми пари од луѓето и потоа тие луѓе ги оставаат на границите на земјата. Со Борел ги поставивме на маса и патиштата за борба против нив.“

Ирачкиот министер за надворшени работи Фуад Хусејин информира дека со Борел разговарале и за предвремените избори коишто ќе се одржат во месец октомври, а воедно истакна дека за безбедно одржување на изборите ќе добијат поддршка и од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и за следење на изборите ќе бидат испратени набљудувачи и од Европа.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел исто така го рече следното: „За зачувување и продолжување на нашите односи со Ирак ќе продолжи нашата поддршка на оваа земја.“

 



Слични вести