Таџичкиот лидер во Авганистан Ахмед Месуд: Нема да се откажеме од отпорот

Таџичкиот лидер Ахмед Месуд по претрпениот пораз од талибанските сили рече дека нема да се откажат од отпорот

1703734
Таџичкиот лидер во Авганистан Ахмед Месуд: Нема да се откажеме од отпорот

Лидерот на Фронтот за национален отпор на Авганистан Ахмед Масуд кој по заземањето на провинцијата Панџшир од страна на Талибан, со група свои борци ја напушти областа во објави соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

Таџичкиот лидер Ахмед Месуд по претрпениот пораз од талибанските сили рече дека нема да се откажат од отпорот.

Месуд истакна дека даваат целосна поддршка на повикот на Советот на мудреци на Авганистан во главниот град Кабул до страните за ставање крај на судирите, но рече дека наспроти тоа продолжуваат нападите на Талибан.

Велејќи дека силите во негова придружба нема да се откажат од пружање отпор, Месуд ја обвини меѓународната заедница поради тоа што одигра улога во стекнувањето на Талибан со политички легитимитет и право.

Инаку, Талибан откако на 15 август го зазеде главниот град Кабул ги започна преговорите со групата на чело со Ахмед Месуд за предавање и на силите на провинцијата Панџшир, но страните не можеа да постигнат договор.

Потоа Талибан започна напад врз Панџшир и соопшти дека е заземена областа.

 



Слични вести