Столтенберг: Светот на брз начин се претвара во понепредвидливо, конкурентно и опасно место

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека светот кадешто се зголемуваат нуклеарните и современите оружја на брз начин се претвара во понепредвидливо, конкурентно и опасно место и дека НАТО нуди значајна платформа во контролата на оружјето

1703545
Столтенберг: Светот на брз начин се претвара во понепредвидливо, конкурентно и опасно место

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг преку видео-конференција говореше на 17. Конференција на НАТО за контрола на оружјето, разоружување и спречување на ширењето на оружето за масовно уништување.

Столтенберг го нагласи значењето на контролата на оружјето, разоружувањето и отстранувањето на нуклеарното оружје од светот.

Тој истакна дека светот кадешто се зголемуваат нуклеарните и современите оружја на брз начин се претвара во понепредвидливо, конкурентно и опасно место и дека НАТО нуди значајна платформа во контролата на оружјето.

Осврнувајќи се на ставот на Русија и Кина во последните години, Столтенберг рече: „Русија продолжува да ги изоставува од вид и да ги прави пофлексибилни правилата и да ги поткопува договорите од клучно значење. Русија истовремено ги модернизира своите двонаменски и нуклеарни способности, вклучувајќи ги и интерконтиненталните балистички ракети.“

Јенс Столтенберг појасни дека освен тоа Русија тестира нови оружја и дека тестираше нова крстосувачка ракета којашто се истрелува од земја и работи со нуклеарна моќ. 

Тој наведе дека на брз начин се развива и нуклеарниот арсенал на Кина со повеќе боеви глави и со развиени системи на истрелување. 

Велејќи дека актери во сферата на нуклеарното оружје се и земјите како што се Северна Кореја и Иран, Столтенберг истакна дека овие земји ги прекршуваат глобалните правила.

„На Самитот во Брисел во изминатиот јуни за нашата безбедност во иднина постигнавме согласност во однос на нашата трансатлантска агенда НАТО 2030“ - рече Столтенберг и продолжи со следните зборови: „Тоа пак, значи повеќе искористување на НАТО како единствена платформа во контролата на оружјето, разоружувањето и спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје, за напредување во овие критични прашања, состанувајќи ги притоа сојузниците и другите земји.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг воедно ја нагласи потребата НАТО сојузниците да го одбрана Договорот за спречување на ширењето на нукеларното оружје, да ја зајакнат контролата на оружјето и да да работат повеќе заеднички во давањето одговор на прекршувањата.

 



Слични вести