Блинкен: Работиме Авганистанците кои се наоѓаат под ризик да излезат безбедно од земјата

Американскиот државен секретар Антони Блинкен потсети дека талибанските надлежни рекле дека на лицата кои имаат документ за патување во Вашингтон ќе им дозволат слободно да излезат од Авганистан

1704015
Блинкен: Работиме Авганистанците кои се наоѓаат под ризик да излезат безбедно од земјата

Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека работат за да се обезбеди безбедно излегување на ризичните Авганистанци на Авганистан.

Велејќи дека мисијата на САД за Авганистан ги проодлжува своите работи од главниот град на Катар, Доха, Блинкен потсети дека талибанските надлежни рекле дека на лицата кои имаат документ за патување во Вашингтон ќе им дозволат слободно да излезат од Авганистан.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин се наоѓаат во Катар со цел да ја побараат евакуацијата на Американците и Авганистанците кои по преземањето на власта од страна на Талибан се наоѓаат под ризик и да се воспостави едногласност меѓу сојузниците во однос на тоа коков одговор ќе и се даде на терористичката организација ДЕАШ.

Во тие рами, американскиот државен секретар Антони Блинкен се состана со катарскиот министер за надворешни работи Шехј Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Блинкен рече: „Со нашите катарски и турски партнери работиме одблизу за што поскоро побрзо отворање на аеродромот во Кабул и кревање на нозе на главниот град.“ 

Катарскиот министер за надворешни работи Шехј Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани истакна дека неговата земја се надева оти за неколку дена аеродромот во Кабул ќе биде отворен за патници, но додаде дека засега не е постигнат соосдветен договор за тоа како ќе се оперира со аеродромот.

 



Слични вести