Тешка сообраќајка несреќа во Египет: Загинаа 12 лица меѓу кои има и деца

Во Египет се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 12 лица меѓу кои има и деца, а 34 лица се повредени

1702884
Тешка сообраќајка несреќа во Египет: Загинаа 12 лица меѓу кои има и деца

Во тешка сообраќајна несреќа при превртување на патнички автобус во Египет животите ги загубија 12 лица меѓу кои има и деца, а 34 лица се повредени.

Според веста објавена во официјалната египетска новинска агенција „МЕНА“, на магистралниот пат Каиро-Суец во источниот дел на земјата се преврте патнички автобус и во оваа тешка сообраќајна несреќа животите ги загубија 12 лица меѓу кои има и деца, а 34 лица се повредени.

Во меѓувреме, Турција објави порака со сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „На загинатите во несреќата им посакуваме милост од Аллах, на повредените побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до Египет.“



Слични вести