Реакција од НАТО на планот за „Армија на ЕУ“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со планот на ЕУ за формирање на сопствена воена сила за да не би била зависна од САД, рече: „Ослабувањето на врските меѓу Северна Америка и Европа, не само НАТО, ќе ја подели и Европа“

1703396
Реакција од НАТО на планот за „Армија на ЕУ“

По предлогот на високиот претставник за надворешни работи и безбедност на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борал кој велејќи „Извлековме лекција од неуспехот во Авганистан“ предложи Европската унија (ЕУ) да формира заедничка воена сила, пристигна изјава од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во врска со планот на Европската унија (ЕУ) за формирање на сопствена воена сила за да не би била зависна од Соединетите Американски Држави (САД), Столтенберг рече: „Ослабувањето на врските меѓу Северна Америка и Европа, не само НАТО, ќе ја подели и Европа.“

Јенс Столтенберг во дадената изјава за британскиот весник „Телеграф“ го истакна следното: „Формирањето на паралелни структури, структурата на двојна команда, ќе ја ослаби нашата способност за заедничко делување и нашата сила за заедничко работење. Додека располагаме со огрнаичени извори непотребни се напорите коишто се косат меѓусебно.“

Инаку, се планира воена сила од 5.000 лица да се користи како сила за брза интервенција во заеднички мисии.

Предлогот во извештајот по име „Стратешки компас“ ќе биде разгледан во Советот на Европа на 16 ноември. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека европските сојузници засега прашањето не го пренесоа во НАТО и го рече следното: „Би чувствувал задоволство од напорите за зголемување на капацитетот на одбрана на Европа, меѓутоа тоа не може да премине на местото на НАТО. Треба да обезбедиме Европа и Северна Америка да бидат обединети во едно тело.“

Освен тоа, Столтенберг го достави и следното предупредување: „Секоја иницијатива која ќе ги ослабе врските меѓу Северна Америка и Европа, не само НАТО, ќе ја подели и Европа.“

 



Слични вести