Портпаролот на Талибан тврди дека целосно била воспоставена контролата во Панџшир

Портпаролот на Талибан Муџахид рече: „Со воспоставувањето на контролата во Панџшир официјално заврши војната во земјата. Народот на Панџшир располага со еднакви права со другите авганистански граѓани. Нема да бидат подложени на било каква дискриминација.“

1703292
Портпаролот на Талибан тврди дека целосно била воспоставена контролата во Панџшир

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид на одржаната прес-конференција истакна дека по воспоставувањето на контролата во провинцијата Панџшир од страна на талибанските сили животот во областа е вратен во нормала.

Муџахид рече: „Со воспоставувањето на контролата во Панџшир официјално заврши војната во земјата. Народот на Панџшир располага со еднакви права со другите авганистански граѓани. Нема да бидат подложени на било каква дискриминација.“

Велејќи дека за време на судирите не е причинета штета врз ничиј имот, Муџахид соопшти дека раководителите на Панџшир ќе бидат избрани меѓу локалниот народ.

Муџахид истакна дека животот во Панџшир е вратен во нормала и дека почна да се доставува храна.

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид не изговори одреден датум за тоа кога ќе биде прогласена Владата, а на едно поставено прашање во врска со уставот одговори со зборовите: „Тоа ќе биде исламски устав кој ќе одговори на проблемите на земјата и на народот.“

„Веројатно ќе биде преодна Влада, на тој начин ќе ја изнајдеме можноста да ја смениме и да го подобриме нејзиниот перформанс. Сега нема избори. Следната Влада ќе одлучи како ќе напредува понатамошниот процес.“ - рече Муџахид.

Велејќи дека продолжуваат и работите на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град Кабул, Муџахид го истакна следното: „Техничките екипи од Катар, Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги проодлжуваат своите работи за подготвување за повторно функционирање на аеродромот во Кабул. Американските сили пред да се повлечат му нанесоа тешка штета на аеродромот. И тоа беше последниот показател на непријателството на окупаторите кон авганистанскиот народ.“  

Муџахид, објаснувајќи дека очекуваат да биде официјално призната новата држава што ќе се формира во Авганистан, а во врска со барањата на жените на права го рече следното: „Жените се нзачаен дел од нашето општество. Им придаваме слух на нивните барања. Бидејќи засега не е формирана Влада и не се утврдени надлежните во врска со прашањето, не може да се одговори на нивните барања. Малку да покажат трпение, штом ќе почнат со работа институциите ќе се даде одговор на нивните барања.“

Инаку, по преземањето на контролата од страна на Талибан на 15 август во главниот град Кабул, жените организираа протести за одбрана на основните права на жените во земјата.

 



Слични вести