Пораки од светот со осудување на воениот удар во Гвинеја

По вестите за извршен воен удар во западноафриканската држава Гвинеја пристигнаа пораки со осуда од светот

1702988
Пораки од светот со осудување на воениот удар во Гвинеја

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека одблизу ги следи случувањата во Гвинеја и дека жестоко го осудува воениот удар и преземањето на власта во земјата со оружје.

Антонио Гутерес упати повик веднаш да биде ослободен претседателот на Алфа Конде кој е приведен од страна на пучистите.

Африканската унија и Економската заедница на западноафриканските држави исто така го осуди извршениот воен удар во Гвинеја.

Во објавеното соопштение од Африканската унија (АУ) се истакнува дека привремениот претседател на унијата претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди и претседателот на Комисијата на унијата Муса Факи Мухамед го осудуваат насилното преземање на власта во Гвинеја.

Во соопштението се упатува повик веднаш да биде ослободен приведениот претседател Алфа Конде и е свикан итен состанок на Советот за мир и безбедност на Африканската унија.

И во објавеното писмено соопштение од Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) се истакнува дека жестоко се осудува воениот удар во Гвинеја и дека треба да се покажува почит кон претседателот Конде.

Во соопштението се упатува повик веднаш да биде ослободен приведениот претседател Конде и веднаш да се воспостави уставниот поредок во оваа земја. 

Франција исто така го осуди извршениот воен удар во Гвинеја.

Во објавеното соопштение од француското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Франција се приклучува кон повикот на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) за осудување на насилното преземање на власта во Гвинеја на 5 септември во недела.

Се повторува повикот на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) за враќање назад кон уставниот поредок и веднаш и безусловно ослободување на приведениот претседател Алфа Конде, а воедно се вели следното: „Франција е во близок контакт со своите африкански и меѓународни сојузници.“

Инаку, вчера наутро почнале да се слушаат путокници од претседателскиот дворец Секутуреја и од областа Калум кадешто се сместени административните згради во главниот град на Гвинеја, Конакри.  

Неколку часа потоа во социјалните медиуми почна да кружи видео со изјавите на полковник Мамади Думбуја кој се наоѓа на чело со Единиците на специјалните сили кој истакнува дека е преземена власт во земјата. Во истите часови беа споделени и снимки на кои се гледа како е приведен од страна на војниците претседателот Алфа Конде.

 



Слични вести