Германски Билд: Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид ја покани Меркел во Кабул

Германскиот весник „Билд“ објави интервју под насловот „Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид ја покани Меркел во Кабул“

1703446
Германски Билд: Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид ја покани Меркел во Кабул

Како што се истакнува, Талибан сака да воспостави силни и официјални дипломатски односи со Германија и ја поканил германската канцеларка Ангела Меркел да го посети Авганистан.

Германскиот весник „Билд“ објави интервју под насловот „Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид ја покани Меркел во Кабул.“

Во интервјуто, Муџахид го вели следното: „Германија има историски и добри односи со Авганистан. Сакаме да воспоставиме силни и официјални дипломатски односи со Германија.“

Забинулах Муџахид нагласи дека сакаат германската Влада да располага со колку што е можно најдобри дипломатски односи со новата Влада (талибанската Влада).

Велејќи дека со Германија покрај добри дипломатски односи сакаат да видат од Берлин финансиска поддршка во сферите на здравството, инфраструктурата и образованието, хуманитарна помош и соработка, Муџахид го сподели мислењето: „Веруваме дека германската  Влада навистина може да ни помогне.“

На прашањето на дописникот на „Билд“,  „Дали би ја пречекале срдечно во Авганистан германската канцеларка Ангела Меркел?“, Муџахид одговори со зборовите: „Неја навистина би ја пречекале со задоволство во нашата земја.“

Германија, по завршувањето на операцијата за воена евакуација го започна разговорите со Талибан за евакуација на локалниот персонал кој работеше во Авганистан.

Освен тоа германската Влада соопшти дека за спречување на евентуалната нова мигрантска криза изразуваат желба за доставување хуманитарна помош на Авганистан.

Германската Влада, пл заземањето на главниот град Кабул од страна на Талибан ја затвори својата овдешна амбасада.

Специјалниот претставник на Владата амбасадорот Маркус Потзел премина во главниот град на Катар, Доха и овде ги продолжи дипломатските контакти со претставниците на Талибан.

 



Слични вести