Ахмед Месуд упати повик за преговори, додека Талибан соопшти дека Панџшир е заземен

Лидерот на групите кои ја држат под контрола Долината Панџшир во Авганистан Ахмед Месуд соопшти дека доколку Талибан ги повлече своите сили од Панџшир и Андараб се спремни за преговори, додека Талибан истакнува дека Панџшир е заземен

1703035
Ахмед Месуд упати повик за преговори, додека Талибан соопшти дека Панџшир е заземен

Лидерот на групите кои ја држат под контрола Долината Панџшир во Авганистан Ахмет Месуд, по повикот на Советот на научници на Авганистан во главниот град Кабул да се стави крај на судирите и да се престане со крвопролевање на муслиманска крв, објави соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ахмед Месуд соопшти дека доколку Талибан ги повлече своите сили од Пеанџшир и Андараб се спремни за преговори.

Велејќи дека се на страната на миорољубиво решение, Месуд рече: „Фронтот за национален отпор, доколку Талибан ги прекине нападите и воените операции во Панџшир и Андараб, е спремен веднаш да ја прекине војната за постигнување на траен мир. Се надеваме дека ќе ги продолжиме преговорите со научниците и реформистите на состанок од широк обем на кој ќе учествуваат сите страни.“  

Месуд потсети дека мнозинството од авганистанскиот народ е муслимански и истакна дека нема смисла Талибан да води „џихад“ во верска и човечка смисла во Панџшир и во околните населени места.

Ахмед Месуд рече дека доколу Талибан се повлече и тие ќе стојат далеку од напади.

На овој повик на таџичкиот лидер засега не пристигна одговор од Талибан, додека според вестите коишто пристигнуваат во жестоките судири во Панџшир коишто продолжуваат во последните два дена загинале стотици борци меѓу кои се наоѓале и портпаролот на групите кои ја држат под контрола провинцијата Фехим Дешти и командантот Абдулведуд Зере.

Во меѓувреме, Талибан соопшти дека целосно е воспоставена контролата во провинцијата Панџшир.

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Целосно е освоена и провинцијата Панџшир, последното гнездо на непријателот.“

Муџахид во објавеното писмено соопштение истакна дека со заземањето на Панџшир целосно заврши војната во земјата. 

Фронтот за национален отпор под лидерство на Ахмед Месуд кој не сакаше да ја предаде провинцијата, оствари преговори со Талибан, меѓутоа страните не можеа да постигнат компромис.

Провинцијата Панџшир на оддалеченост од приближно 50 километри од главниот град Кабул, пред окупацијата на САД во 2001 година беше со статус на населено место.

Областа располага со приближно 170 илјади население од кои мнозинството се Таџици.

Населението во Панџшир кое инаку одиграа улога и во заземањето на главниот град Кабул од страна на Талибан во 2001 година, поради тоа што е управувано од страна на свој раководител од областа де факто располагаше со своја автономна управа.
 



Слични вести