Во два одделни напади на ДЕАШ кај Киркук загинаа најмалку 12 полицајци

Терористичката организација ДЕАШ изврши напад во близина на населеното место Дакук во градот Киркук во Ирак, во кој загинаа најмалку 12 полицајци

1702878
Во два одделни напади на ДЕАШ кај Киркук загинаа најмалку 12 полицајци

Во два одделни реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ во близина на населеното место Дакук кај градот Киркук во Ирак загинаа најмалку 12 полицајци.

Во објавеното писмено соопштение од бирото за печат на Дирекцијата на полицијата во Киркук се истакнува дека во близина на месноста Решад кај населеното место Дакук на југот на Киркук од страна на припадници на ДЕАШ е извршен вооружен напад врз набљудувачки пункт на ирачките федерални полициски сили.

Во нападот загинаа двајца полицајци, додека при експлозија со далечинско управување на поставени бомби на патот по кој поминале воени возила на силите за поддршка кои биле испратени во областа, загинаа уште 10 полицајци.

Во соопштението се вели дека по нападот е започната операција од широк обем во областа.

Терористичката организација ДЕАШ во 2014 година во јуни ги зазеде целосно ирачките провинции Мосул, Салахадин и Анбар како и дел од градовите Дијала и Киркук, по што овие области дури неколку години потоа беа повторно вратени.

Продолжуваат нападите на ДЕАШ во руралните подрачја на наведените провинции.

 



Слични вести