Во поплавите во североисточните делови на САД загинаа најмалку 45 лица

Ураганот „Ида“ по сјузната држава Луизијана на југот на САД ги зафати и североисточните брегови на земјата при што дојде до силни врнежи од дожд во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Мериленд и Конектикат

1701744
Во поплавите во североисточните делови на САД загинаа најмалку 45 лица

Во силните врнежи од дожд и поплавите предизвикани од тропската бура „Ида“ која ги зафати североисточните делови на САД, животите ги загубија најмалку 45 лица.

Ураганот „Ида“ по сјузната држава Луизијана на југот на САД ги зафати и североисточните брегови на земјата при што дојде до силни врнежи од дожд во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Мериленд и Конектикат.

Во поплавите и надојдените води во Њујорк животите ги загубија 13 лица, додека бројот на загинатите во Њу Џерси изнесува над 23 лица. 

Според добиени информации заедно и со човечките загуби во сојузните држави Пенсилванија, Мериленд и Конектикат досега загинаа најмалку 45 лица.

Гувернерот на Њу Џерси Фил Марфи изјави дека повеќето од загинатите биле затечени од поплавите во нивните возила.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погодените области од поплави, се стравува од зголемување на бројот на човечките загуби.



Слични вести