Климатските катастрофи петкратно зголемени во период од 50 години

Според „BBC“, истражувањето на Светската метеоролошка организација (СМО) кое опфаќа период од 50 години стави до знаење дека бројот на катастрофите предизвикани од временските услови од 1970 година досега е зголемен петкратно

1701097
Климатските катастрофи петкратно зголемени во период од 50 години

Климатските катастрофи, односно катастрофите предизвикани од временските услови които владеат во светот се зголемени петкратно во период од 50 години.

Според веста на британскиот информативен сервис „BBC“, истражувањето на Светската метеоролошка организација (СМО) кое опфаќа период од 50 години стави до знаење дека бројот на катастрофите предизвикани од временските услови од 1970 година досега е зголемен петкратно.

Научниците укажуваат дека во позадината на зголемувањето на бројот на природните настани односно бурите, поплавите и сушите се наоѓаат фактори како што се климатските промени и суровите временски услови, а воедно се наведува дека подобрувањата направени во системите за рано предупредување помогнаа да се намали бројот на смртните случаи.

Според истражувањето на Светската метеоролошка организација (СМО), во периодот од 1970 до 2019 година се случија повеќе од 11 илјади катастрофи.

Како резултат на овие елементарни непогоди животите ги загубија повеќе од два милиони луѓе и се причинети економски загуби од 3 трилиони 64 милијарди долари.

Според истражувањето, повеќе од 90 отсто од катастрофите предизвикани од временските услови со смртоносни последици се случија во земјите во развој.

Поради суша животите ги загубија 650 илјади луѓе, додека екстремните температури одзедоа приближно 56 илјади животи. Меѓутоа, во периодот од 50 години нагло е опаднат вкупниот број на смртни случаи предизвикани од елементрани непогоди.

Од друга страна, иако во периодот 1970-1979 година дневно се доживеани економски загуби од по околу 49 милиони долари, оваа сума во периодот 2010-2019 е зголемена за 7 пати и достигна до 383 милиони долари дневно.

Во истражувањето се укажува дека подобрувањата на системите за предупредување помагаат во спасувањето на животи, а воедно се привлекува внимание дека има уште многу работи коишто треба да се направат.

Во истражувањето се наведува дека само половината од 193 земји членки на Светската метеоролошка организација (СМО) располагаат со системи за рано предупредување од повеќе опасности.

 



Слични вести