Катар: За техничка поддршка на аеродромот во Кабул разговараме со Турција

Катарскиот министер за надворешни работи Мухамед Абдурахман Ал Тани информира дека разговараат со Турција по прашањето на евентуалната техничка поддршка во управувањето со аеродоромот во Кабул

1701617
Катар: За техничка поддршка на аеродромот во Кабул разговараме со Турција

Катарскиот министер за надворешни работи Мухамед Абдурахман Ал Тани во Доха разговараше со британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб за најновата ситуација во Авганистан.

Ал Тани информира дека разговараат со Турција по прашањето на евентуалната техничка поддршка во управувањето со аеродоромот во Кабул.

Тој истакна дека се во контакт со Талибан по прашањето на аеродромот.

Воедно и според веста на катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“ повикувајќи се на извори на Авганистанското цивилно воздухопловство, домашните летови на аеродромот во Кабул ќе започнат утре, додека започнувањето на меѓународните летови ќе одземе време.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб истакна дека неговата земја нема да го признае Талибан и го рече следното: „Директниот контакт пак, веруваме дека е потребен.“



Слични вести