Белата куќа: Од приближно 120 илјади евакуирани лица 77 отсто се Авганистанци

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки истакна дека 77 отсто од приближно евакуираните 120 илјади лица од Авганистан се Авганистанци кои се стекнале со право да добијат специјална мигрантска виза

1701200
Белата куќа: Од приближно 120 илјади евакуирани лица 77 отсто се Авганистанци

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната редовна прес-конференција направи проценки во врска со најновите случуваања во Авганистан.

Пскаи истакна дека 77 отсто од приближно евакуираните 120 илјади лица од Авганистан се Авганистанци кои се стекнале со право да добијат специјална мигрантска виза.

Таа рече дека ги продолжуваат иницијативите за лицата кои се уште не се евакуирани од Авганистан.

Укажувајќи дека иако премногу не зборуваа за тоа во евакуациите од Авганистан се водат иницијативи за нивно реализирање и по други патишта освен со авиони, Псаки напомена дека во некои ситуации беа носени луѓе и со хеликоптери, но дека поради безбедносни причини тоа не е соопштено. 

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки подвлече дека ги продолжуваат работите за повторно функционирање и отворање за евакуации на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул и ја изнесе следната констатација: „Работиме за повторно функционирање на аеродромот. За отворање на цивилниот дел на аеродромот работиме со нашите турски и катарски партнери.“



Слични вести