Заврши повлекувањето на САД од Авганистан

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Мекензи информира дека е завршен процесот на повлекување на американските сили од Авганистан

1699962
Заврши повлекувањето на САД од Авганистан

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Мекензи заедно со портпаролот на американскиот Секретаријат за одбрана Џон Кирби се појавија пред камерите за соопштување дека е завршена 20 годишната окупација на САД во Авганистан.

Мекензи информира дека е завршен процесот на повлекување на американските сили од Авганистан.

Тој рече: „Овде сум за да соопштам дека на крајот на воената мисија за евакуација на американските граѓани и беспомошните Авганистанци, е завршено нашето повлекување од Авганистан. Последниот авион Ц-17 полета од Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул во 15:29 часот по источно американско време.“

Информирајќи дека се завршени сите воени активности во Авганистан, Кенет Мекензи, во врска со 20 годишната окупација на Аванистан го рече следното: „Тоа не беше ефтина мисија. Загинаа вкупно 1.461 американски војник од кои 13 во минатонеделниот бомбашки напад на ДЕАШ, а повеќе од 20 илјади американски војници се ранети.“  

Во меѓувреме, откако командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Мекензи соопшти дека е завршен процесот на повлекување на американските сили од Авганистан, писмено соопштение објави и американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден ја даде порака „Штотуку заврши нашето 20 годишно присуство во Авганистан.“

Инаку, во рамките на договорот што го постигна администрацијата на САД на 29 февруари 2020 година со Талибан во главниот град на Катар, Доха, вети дека заклучно со 1 мај 2021 година ќе бидат повлечени сите американски сили од Авганистан.

Меѓутоа, американскиот претседател Џо Бајден кој го презеде мандатот на 20 јануари 2021 како нов претседател на САД соопшти дека повлекувањето не може да заврши до 1 мај и потоа соопшти дека повлекувањетоќе биде завршено до 11 септември. 

Талибан кој го зеде под опсада главниот град Кабул, откако претседателот на Авганистан Ешреф Гани ја напушти земјата, без судир ја воспостави контролата во главниот град.

 



Слични вести