Од страна на воздушноодбранбениот систем е спречен нов обид за напад врз аеродромот во Кабул

Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул кадешто продолжуваат евакуациите беше цел на напад со 5 ракети

1699466
Од страна на воздушноодбранбениот систем е спречен нов обид за напад врз аеродромот во Кабул

Продолжува затегнатоста и тензијата на напнатост во главниот град на Авганистан, Кабул.

Од страна на воздушноодбранбениот систем е спречен нов обид за напад врз аеродромот во Кабул.

Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул кадешто продолжуваат евакуациите беше цел на напад со 5 ракети.

Како што се истакнува, истреланите ракети врз аеродромот се спречени од страна на воздушноодбранбениот систем.

Според првични информации во нападот немаше загинати и ранети.

Во вчерашниот извршен ракетен напад во близина на аеродромот во Кабул загинаа 6 лица од кои 4 деца, додека во самоубиствениот напад којшто беше реализиран во истата област во четвртокот, загинаа 183 лица од кои најмалку 90 Авганистанци и 13 американски војници, а повеќе од 150 лица беа ранети.

 

 

 



Слични вести