Реакции од светот против нападите во Кабул, Авганистан

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич во дадената изјава на одржаната прес конференција истакна дека генералниот секретар Антонио Гутерес со длабока загриженост ги следи терористичките напади во Кабул

1698023
Реакции од светот против нападите во Кабул, Авганистан

По вчерашните напади во главниот град на Авганистан, Кабул во кои според првични добиени информации има голем број загинати меѓу кои се наоѓаат и 12 американски војници, а голем број лица се ранети, почнаа да пристигнуваат и првите реакции од светот.

Обединетите нации (ОН) ги осудија нападите во близина на Меѓународниот серодром „Хамид Карзаи“ во Кабул.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич во дадената изјава на одржаната прес конференција истакна дека генералниот секретар Антонио Гутерес со длабока загриженост ги следи терористичките напади во Кабул.

Велејќи дека Гутерес ги осудува нападите во кои загинаа голем број цивили, Дујарич рече дека нападите уште еднаш ја изнесоа пред очи нестабилноста во Авганистан.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така во соопштението што го објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер остро ги осуди терористичките напади во близина на аеродромот во Кабул и го рече следното: „Нашиот приоритет е во најскоро можно време да евакуираме на безбедни места колку што е можно поголем број луѓе.“

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Велика Британија се истакнува дека во експлозиите во главниот град на Авганистан Кабул нема загинати или ранети меѓу припадниците на британската армија и владини службеници.

Во соопштението се вели следното: „Ние сме во близок контакт на оперативно ниво со САД и со нашите други НАТО сојузници за давање итен одговор на овие напади.“

Исто така и британскиот министер за транспорт Грант Шапс во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Денеска, по шокантните сцени во Авганистан, им издадов НОТАМ (воздухопловна информација“ со која им се препорачува на авиокомпаниите во авганистанскиот воздушен простор да избегнуваат да летаат под 25 илјади фити.“ 

Францускиот претседател Емануел Макрон пак, во дадената изјава во главниот град на Ирска, Даблин кадешто отпатува во официјална посета истакна дека безбедносната состојба во областа на аеродромот во Кабул е напната. 

Холандија, исто така соопшти дека ги прекина операциите за евакуација на своите граѓани и локалните соработници во Кабул.

По заземањето на контролата од страна на Талибан на 15 август и во главниот град на Авганистан, Кабул, голем број лица за напуштање на земјата беа усмерени кон Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“.

Оттука беа интензивирани заминувањата на странските војници, дипломатските мисии и цивилите.

 



Слични вести