Одговорноста за нападите во Кабул ја презеде терористичката организација ДЕАШ

Одговорноста за нападите во текот на вчерашниот ден во главниот град на Авганистан, Кабул ја презеде терористичката организација ДЕАШ

1698089
Одговорноста за нападите во Кабул ја презеде терористичката организација ДЕАШ

Вчера во текот на денот во главниот град на Авганистан, Кабул се случија серија експлозии од кои третата се случи приквечер во која загинаа десетици лица меѓу кои и американски војници, а голем број лица беа ранети.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Третата експлозија се случи во близина на Болницата за прва помош во која беа носени загинатите и ранетите во претходните два бомбашки напади во непосредна близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“.

Британскиот информативен сервис „BBC“ во веста што ја објави ослонувајќи се на еден висок функционер за здравство, соопшти дека според првични информации има најмалку 60 загинати лица и некаде околу 140 ранети. 

Во меѓувреме, е соопштено дека бројот на загинатите американски војници во експлозиите коишто се случија во областа кадешто се наоѓа Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, се искачи на 12.

Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека во експлозиите се ранети и 15 американски војници.

Во главниот град на Авганистан, Кабул во текот на денот се случија 6 одделни експлозии.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден во својата дадена прва изјава по состанокот на кој преку видео-конференција учествуваа и функционери во Авганистан го рече следното: „Мислиме дека овој напад го изврши групата Хорасан поврзана со ДЕАШ. На оние кои го направија тоа им го велам следното: Нема да заборавиме, нема да опростиме, ќе ја наплатеме сметката.“ 

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Макензи пак, истакна дека очекуваат да продолжат нападите на ДЕАШ.

 



Слични вести