Гутерес ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на ОН на итен состанок за Авганистан

Претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, на 30 август, во понеделник, во Њујорк ќе се состанат со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, за да разменат мислења за ситуацијата во Авганистан

1698174
Гутерес ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на ОН на итен состанок за Авганистан

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес на 30 август во понеделник ќе се состане со претставниците на петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија) за разгледување на ситуацијата во Авганистан.

Според добиени информации од дипломатски извори, Гутерес ги повика петте земји постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации кои располагаат со право на вето, на состанок посветен на кризата, односно на хаотичната и напната безбедносна ситуација во Авганистан.

Во тие рамки, претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, на 30 август, во понеделник, треба да се состанат со генералниот секретар на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.

Вчера во областа во близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, Кабул кадешто продолжуваат работите за евакуација се случија 6 одделни експлозии.

Според веста на британсккиот информативен сервис „BBC“, ослонувајќи се на изјавите на еден висок здравствен функционер, во експлозиите загинаа најмалку 90 лица од кои 13 американски војници, а се ранети 150 лица,

Портпаролот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) полковник Бил Урбан соопшти дека бројот на загинатите американски војнци во терористичките напади во Кабул, се зголеми на 13 војници, а 18 војници се ранети.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

 



Слични вести