Серија експлозии кај аеродромот во Кабул: Има голем број загинати меѓу кои и американски војници

Американските медиуми соопштија дека во експлозиите загинаа 10 американски војници, додека катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“ информира дека бројот на загинатите се зголеми на 25, а на ранетите на 90 лица

1697995
Серија експлозии кај аеродромот во Кабул: Има голем број загинати меѓу кои и американски војници
کابل چاودنه.jpeg

Бројот на загинатите американски војници во експлозиите коишто се случија во областа кадешто се наоѓа Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, Кабул, се зголеми на 10.

Американските медиуми соопштија дека во експлозиите загинаа 10 американски војници, додека катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“ информира дека бројот на загинатите се зголеми на 25, а на ранетите на 90 лица.

Новинската агенција „Асошиетед прес (АП)“ пак, соопшти дека според изјавата на еден анонимен американски функционер веруваат оти „нападот е реализиран апсолутно од страна на терористичката организација ДЕАШ“.

Еден друг американски функционер исто така претходно истакна дека „според првите добиени извештаи станува збор за самоубиствен напад.“

Во меѓувреме, во вечерните часови се слушна уште една нова (трета) експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул.

Од друга страна, Белата куќа соопшти дека по вестите за експлозија во Кабул американскиот претседател Џо Бајден премина во Собата за итни ситуации (Situation Room) во која се одржува состанок при специјални итни ситуации, а воедно информира дека е одложена средбата со израелскиот премиер Нафтали Бенет планирана за 11:30 часот по локално време.

Медиумите во Соединетите Американски Држави (САД) истакнуваат дека сопругата на претседателот Џо Бајден, Џил Бајден исто така одложила една од нејзините посети планирана за 1 септември.

 



Слични вести