Бајден: Повлекувањето од Авганистан ќе го завршиме до 31 август

Џо Бајден рече дека Соединетите Американски Држави (САД) работат за завршување на процесот на повлекување од Авганистан до 31 август и дека ќе биде добро што побрзо да излезат од оваа земја

1696831
Бајден: Повлекувањето од Авганистан ќе го завршиме до 31 август

Американскиот претседател Џо Бајден по одржаната онлајн средба со лидерите на земјите на Г-7 посветена на Авганистан се појави пред новинарите во Белата куќа при што даде изјави во врска со повлекувањето од Авганистан.

Бајден рече дека Соединетите Американски Држави (САД) работат за завршување на процесот на повлекување од Авганистан до 31 август и дека ќе биде добро што побрзо да излезат од оваа земја.

Тој рече: „Колку побрзо завршиме, толку подобро.“

Велејќи дека на остварената онлајн средба вчера со лидерите на земјите на Г-7 ги информирал своите сојузници во врска со она што е направено и сработено во последните 10 дена, Бајден информира дека заклучно со вчера им помогнале на 70.700 лица да го напуштат Авганистан, додека од крајот на јули досега се евакуирани вкупно 75.900 лица.

Џо Бајден појасни дека постигнале едногласност со лидерите на земјите на Г-7 по прашањето на воспоставување на безбедноста и соработката за време на евакуациите.

Тој истакна дека лидерите на Г-7 и на Европската Унија, НАТО и ОН се согласиле дека ќе ги преземат сите потребни чекори за да спречат Авганистан „да се користи како база за тероризмот“.

Осврнувајќи се и на процесот на евакуација и повлекувањето од Авганистан, Бајден рече: „Моментално сме на пат да го завршиме процесот до 31 август. Колку побрзо завршиме, толку подобро. Секој ден од операцијата создава многу поголем ризик за нашите војници, меѓутоа завршувањето на овој процес до 31 август зависи од тоа дали Талибан ќе продолжи да соработува со нас и дали ќе го дозволи пристапот до аеродромот за лицата кои ќе ги евакуираме и нема да ги попречува нашите операции.“

Бајден истакна дека воедно побарал и од секретарите за одбрана и надворешни работи да подготват план за итна состојба којшто ќе се применува при евентуално продолжување на процесот на повлекување, односно доколку не биде завршен до предвидениот рок, до 31 август. 

Велејќи дека доколку останат подолго во Авганистан ќе биде доведена во опасност нивната безбедност, американскиот претседател Џо Бајден појасни дека располага со грижи околу тоа дека групите во Авганистан поврзани со ДЕАШ би можеле да извршат напад врз Аеродромот во Кабул.

Бајден исто така подвлече дека лидерите на земјите на Г-7 постигнаа согласност по прашањето на заземање заеднички став против Талибан и дека на ист начин ќе се водат заеднички активности и по прашањето на хуманитарната помош и мигрантите.

 



Слични вести