Наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ претставено на улиците на Киев во Украина

Турското наоружано беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ беше претставено на улиците на главниот град на Украина, Киев на пробите за воените паради по повод прославите на 30-годишнината од Денот на независноста

1695583
Наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ претставено на улиците на Киев во Украина

Наоружаното беспилотно летало (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“) на Турција кое ја промени играта на теренот, ќе биде претставено и на одбележувањето на Денот на независноста на Украина.

„Бајрактар ТБ2“ беше снимен на улиците на главниот град Киев за време на пробите за воените паради пред прославите на Денот на независноста.

Гордоста на домашната одбранбена индустрија наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“, овојпат беше следено со восхит во Украина.

Во главниот град Киев беа приредени пробите за воените паради за Денот на независноста којшто ќе се слави утре, на 24 август.

На последната приредена проба за парадите наоружаното беспилотно летало  „Бајрактар ТБ2“ коешто Украина го купи од Турција беше претставено во Хиршатик во главниот град Киев и притоа беше разгледано со восхит и голема заинтересираност од страна на граѓаните на Киев кои ги следеа пробите.

Државниот институт за истражување на Украина за време на реализираните тестирања пред 3 недели способностите за војување на „Бајрактар ТБ2“ ги оцени за „извонредни“. 

Беше нагласено дека „Бајрактар ТБ2“ располага со перформанс на високо ниво при електронско војување во глобални рамки.

Властите во Киев претходно го употребија наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ и за време на воената вежба на НАТО „Морски ветар 2021“ во Црното Море.

 



Слични вести