Џо Бајден: Од 14 август досега од Кабул евакуиравме 28 илјади лица

Американскиот претседател Џо Бајден на одржаната прес-конференција во Белата куќа посветена на евакуацијата од Кабул истакна дека приоритет е да бидат евакуирани американските граѓани

1695563
Џо Бајден: Од 14 август досега од Кабул евакуиравме 28 илјади лица

Соединетите Американски Држави (САД) од 14 август досега од главниот град на Авганистан, Кабул, евакуираа 28 илјади лица.

Американскиот претседател Џо Бајден на одржаната прес-конференција во Белата куќа посветена на евакуацијата од Кабул истакна дека приоритет е да бидат евакуирани американските граѓани.

Велејќи дека безбедносната состојба во Кабул се менува доста брзо, Бајден во врска со критиките коишто се изнесуваат против него по прашањето со евакуациите, го рече следното: „Не постои друг пат за евакуација на толку голем број луѓе, без притоа како  што гледате и преку телевизијата да се доживеат болни и жалосни сцени и човечки загуби. Од Кабул од 14 август евакуиравме приближно 28 илјади лица.“ 

Бајден напомена дека бројот на евакуираните лица од јули досега изнесува приближно 33 илјади и го достави следното предупредување: „Пред нас се наоѓа еден долг пат и не е можно голем број работи да се одвиваат онака како што се посакува.“    

Американскиот претседател Џо Бајден информира дека со голем број земји вклучувајќи ги и Катар, Германија, Кувајт и Шпанија се склучени договори во врска со евакуациите, а воедно истакна дека евакуираните Авганистанци се однесени во американските бази во овие наведени земји од каде пак по завршување на безбедносните контроли ќе бидат пренесени во САД.

Бајден изрази надеж дека евакуациите ќе завршат до 31 август и дека доколку затреба ќе ги поддржуваат санкциите против Талибан.



Слични вести