Генералниот секретар на ОН подготвен за преговори со Талибанците

Гутереш повика на формирање влада која ќе ги вклучи сите етнички групи во Авганистан и посебно почитување на правата на жените

1694526
Генералниот секретар на ОН подготвен за преговори со Талибанците

 

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш рече дека е подготвен да разговара со Талибанците доколку нивното раководство се определи.

„Подготвен сум да разговарам кога се разјасни со кого треба да зборувам и за кои цели“, рече Гутереш во седиштето на ОН во Њујорк.

На прфашањето: „Дали ОН ќе управуваат со аеродромот откако САД ќе ги завршат акциите за евакуација од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, во Кабул?“

„Мислам дека немаме капацитет да управуваме со аеродромот. Можеме да работиме со сите страни бидејќи нашето присуство се смета за корисно. Но, врз основа на моменталните услови на теренот, нереално е да се очекува ОН да го води аеродромот". Рече Гутереш.

Гутереш повика на формирање влада која ќе ги вклучи сите етнички групи во Авганистан и посебно почитување на правата на жените.



Слични вести