Десетгодишнината од блиските пријателски односи меѓу Турција и Сомалија

10 годишната братска врска помеѓу Сомалија и Турција постигна видлив напредок во многу области

1694456
Десетгодишнината од блиските пријателски односи меѓу Турција и Сомалија

 

Десетгодишнината од блиските пријателски односи меѓу Турција и Сомалија беше одбележана со свечена манифестација што се одржа во Могадишу, главниот град на Сомалија.

Сомалискиот вицепремиер Махди Мохамед Гулаид, во својот говорво ова прилика рече: „10 годишната братска врска помеѓу Сомалија и Турција постигна видлив напредок во многу области, вклучувајќи ги образованието, здравството, деловните односи, економскиот развој, реконструкцијата на Сомалиската национална армија и дипломатијата“.

Министерот за информации Осман Дубе рече: „Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 19 август 2011 година ја посети Сомалија. Тогаш на Сомалија и беше потребна помош против големата глад и суша“.

Министерот за финансии Абдирахман Дуале Бејлех истакна дека повеќето приходи на нивната влада доаѓаат од аеродромот и пристаништето Могадишу, за чие заживување во голема мера придонесе турската влада.



Слични вести