Во терористичкиот напад во Буркина Фасо загинаа најмалку 47 лица

Терористичките групи поврзани со Ал Каеда и ДАЕШ, кои дејствуваат во соседен Мали, од 2015 година често вршат напади на северот и истокот на Буркина Фасо

1693836
Во терористичкиот напад во Буркина Фасо загинаа најмалку 47 лица

Во нападот врз конвојот цивили и безбедносните сили во регионот Сахел, Буркина Фасо, животот го загубија 47 лица, а најмалку 19 беа повредени.

Во областа Горгаџи во областа Сум беше извршен терористоички напад врз конвој со војници и доброволен персонал за цивилна одбрана.

Во нападот животот го загубија 30 цивили, 14 приврзаници на безбедносните сили и 3 доброволци кои им помагаа на безбедносните сили.

По нападот, во кој беа повредени најмалку 19 лица, беше евидентирано дека безбедносните сили неутрализирале 58 терористи.

Терористичките групи поврзани со Ал Каеда и ДАЕШ, кои дејствуваат во соседен Мали, од 2015 година често вршат напади на северот и истокот на Буркина Фасо.

Иако Буркина Фасо спроведува заеднички воени операции со другиот сосед во Сахел, Нигер, тоа не може да ја ослабне моќта на терористичките групи стационирани во Мали.

Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на годината, 17.500 луѓе морале да ја напуштат земјата од безбедносни причини.



Слични вести