Талибанците прогласија амнестија и упатија повик за вклучување на жените во управата

Луѓето веќе ги знаат исламските правила според кои Талибанците очекуваат да се придржуваа

1692597
Талибанците прогласија амнестија и упатија повик за вклучување на жените во управата

 

Талибанците објавија дека прогласиле „амнестија“ за сите во Авганистан и дека ги повикале жените да се вклучат во администрацијата.

Енамулах Самангани, член на талибанската комисијата за култура, во изјавата за авганистанската државна телевизија, која потпадна под нивна контрола, рече дека тие прогласиле „амнестија“ за сите и ги повикале жените да се вклучат во администрацијата.

Енамулах Самангани изјави дека „тие не сакаат жените да бидат жртви и дека сакаат да учествуваат во администрацијата“, додавајќи: „Структурата на владата не е целосно разјаснета, но во согласност со нашето искуство, треба да има целосно Исламско раководство и сите страни треба да учествуваат“.

Нагласувајќи дека „луѓето веќе ги знаат исламските правила според кои Талибанците очекуваат да се придржуваат“, Самангани рече: „Нашите луѓе се муслимани, ние не ги тераме на ислам“.

Талибанците претходниот ден влегоа во главниот град на Авганистан, Кабул, од каде што со месеци зазедоа многу од неговите провинции.



Слични вести