Пентагон: „За безбедноста на аеродромот во Кабул соработуваме со Турција“

Џон Кирби изјави дека додека продолжува евакуацијата на персоналот на американската амбасада и другите граѓани во Авганистан

1692512
Пентагон: „За безбедноста на аеродромот во Кабул соработуваме со Турција“

 

Портпаролот на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) Џон Кирби изјави дека во врска со обезбедувањето на безбедноста на аеродромот во Кабул, соработуваат со турските војници и другите меѓународни партнери за повторно да ја вратат безбедноста.

Портпаролот на Пентагон, Кирби даде кратка изјава за медиумите во врска со аеродромот во Кабул.

Кирби изјави дека додека продолжува евакуацијата на персоналот на американската амбасада и другите граѓани во Авганистан, по хаосот што го доживеаја стотици луѓе што влегоа во аеродромот Хамид Карзаи во Кабул, тие „соработуваат со турските војници и другите меѓународни партнери за чистење на аеродромот и неговата околина и повторно воспоставување на безбедноста“.

Во рамките на мировниот договор постигнат меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Талибанците во февруари 2020 година, започна процесот на повлекување на меѓународните сили од Авганистан.

Иако договорот предвидува да не се напаѓаат странските сили, Талибанците, кои ги продолжуваат преговорите со авганистанската влада во Катар, со насилни напади од јуни наваму истовремено зазедоа многу провинциски центри во Авганистан.

Талибанците, кои претходниот ден го опколија главниот град Кабул, го зазедоа ова место под целосна контрола откако претседателот Ешреф Гани ја напушти земјата и владините сили го напуштија главниот град.

Потоа, стотици Авганистанци се собраа на аеродромот за да се качат на авионите за евакуација на странски државјани.



Слични вести