Во пожарите во Алжир загинаа 42 лица од кои 25 војници

Алжирскиот премиер Ејмен бин Абдурахман рече дека продолжуваат преговорите за изнајмување на противпожарни авиони од европските земји

1689333
Во пожарите во Алжир загинаа 42 лица од кои 25 војници

 

Алжирската влада соопшти дека 42 лица, од кои 25 војници, загинале во шумски пожари во земјата.

Премиерот Ејмен бин Абдурахман даде изјава за државната телевизија во врска со тековните шумски пожари во различни региони во земјата.

Бин Абдурахман рече дека во пожарите загинале 42 лица, од кои 25 војници.

Алжирскиот премиер, исто така, изјави дека продолжуваат преговорите за изнајмување на противпожарни авиони од европските земји.

Според вестите на алжирската официјална агенција АПС, во 17 провинции во земјата регистрирани се 103 шумски пожари.

Министерот за внатрешни работи Камил Билкуд во изјавата за локалните медиуми рече дека тие се фокусирале на можноста за „саботажа“ во истовремените пожари и дека одговорните ќе бидат откриени како резултат на истрагата.

Алжир беше сцена на шумски пожари кои започнаа по екстремниот топлотен бран и силните ветрови од југ во последните денови.



Слични вести