Бајден: „Не жалам поради повлекувањето на американските војници од Авганистан“

Ќе инсистирам да продолжиме да ги одржуваме нашите обврски со обезбедување блиска воздушна поддршка

1689331
Бајден: „Не жалам поради повлекувањето на американските војници од Авганистан“

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден рече дека не жали за одлуката за повлекување од Авганистан, иако во последните неколку дена, многу градови во оваа земја преминаа под контрола на Талибанците.

Во изјавата во Белата куќа, Бајден потсети дека тие потрошиле трилиони долари за 20 години, опремувајќи и обучувајќи повеќе од 300.000 авганистански сили со модерна опрема.

Бајден ја истакна потребата авганистанските лидери да се соберат за да се борат за својата нација.

„Ќе инсистирам да продолжиме да ги одржуваме нашите обврски со обезбедување блиска воздушна поддршка, осигурувајќи дека воздухопловните сили се оперативни, снабдувајќи ги силите со храна и опрема и плаќајќи ги нивните целосни плати, но тие мора да сакаат да се борат“ рече Бајден.

Изјавувајќи дека мисли дека авганистанските лидери почнуваат да сфаќаат дека треба политички да се соберат, Бајден рече: „Ние ќе ја одржиме нашата посветеност, но не жалам за мојата одлука“.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на дневната прес-конференција рече дека тие внимателно го следат напредокот на Талибанците и најновата ситуација во Авганистан.

„Несомнено дека нивото на насилство во Авганистан не се совпаѓа со ветувањата што ги дадоа Талибанците во договорот (со САД)“ рече Прајс.



Слични вести