Путин: „Треба да се поддржат иницијативите во борбата против поморската пиратерија“

Русија презема иницијативи за обезбедување на безбедноста во Персискиот и Гвинејскиот Залив

1688586
Путин: „Треба да се поддржат иницијативите во борбата против поморската пиратерија“

 

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека треба да се поддржат иницијативите на релевантните земји под покровителство на Обединетите нации (ОН) во борбата против поморската пиратерија.

Путин преку видео конференција учествуваше на конференцијата на тема „Зајакнување на поморската безбедност: Потреба од меѓународна соработка“ што се одржа во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).

Наведувајќи дека има многу закани на морските патишта, Путин нагласи дека борбата против проблемот со поморската пиратерија е важно.

Путин рече дека тие се за спроведување на меѓународните правни норми како што се почитување на суверенитетот, немешање во внатрешните работи и решавање спорови преку дијалог потенцирајќи дека „За да се постигне успех по ова прашање, иницијативите на сите релевантни земји, меѓународни организации и регионални структури мора да се зајакнат во рамките на координацијата на ОН и СНОН“.

Посочувајќи дека тие се наоѓаат во составот на платформите на ОН во врска со заштитата и зајакнувањето на поморската безбедност, Путин рече дека преземаат иницијативи за обезбедување на безбедноста во Персискиот и Гвинејскиот Залив.

Путин информираше дека некои земји, сами не можат да се спротивстават против пиратите и терористите, така што на дневен ред е обединување на потенцијалот за моќ на сите релевантни држави под покровителство на ОН.

Изразувајќи дека се подготвени да ги споделат своите искуства за ова прашање, Путин нагласи дека треба да се воспостави посебна структура во рамките на ОН, која директно ќе се бори против поморските проблеми во различни региони.



Слични вести