При пад на мал туристички авион во Аљаска во САД загинаа 6 лица

Управата за крајбрежна стража и федерално воздухопловство соопшти дека мал туристички авион се урна во областа на Националниот споменик Мисти Фјорд во близина на градот Кечикан во југоисточниот дел на Аљаска, во САД, при што загинаа 6 лица

1686719
При пад на мал туристички авион во Аљаска во САД загинаа 6 лица

При уривање на мал туристички авион во во планинскиот предел во југоисточниот дел на сојузната држава Аљаска во Соединетите Американски Држави (САД) загинаа 6 лица.

Во објавеното соопштение од Управата за крајбрежна стража и федерално воздухопловство се истакнува дека мал туристички авион се урна во областа на Националниот споменик Мисти Фјорд во близина на градот Кечикан во југоисточниот дел на Аљаска.

Во соопштението се вели дека загинале 6 лица кои се наоѓале во авионот и дека работите за остранување на остатоците од срушениот авион ќе се водат од страна на екипа составена од војници и доброволци.

Исто така се наведува дека и Националниот совет за безбедност при транспорт испратила екипа во подрачјето за да ја истражува причината за несреќата.

 



Слични вести