Нед Прајс: Авганистанските имигранти „не се усмерени кон никоја земја, вклучувајќи ја и Турција“

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат Нед Прајс истакна дека авганистанските имигранти „не се усмерени кон никоја земја, вклучувајќи ја и Турција“

1685762
Нед Прајс: Авганистанските имигранти „не се усмерени кон никоја земја, вклучувајќи ја и Турција“

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека авганистанските имигранти „не се усмерени кон никоја земја, вклучувајќи ја и Турција“.

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат Нед Прајс на одржаната редовна дневна прес-конференција на едно поставено прашање во врска со проширувањето на обемот на програмата за авганистанските имигранти од страна на неговата земја и соопштението за трети земји, како и реакцијата на Турција по ова прашање, одговори со следните зборови:

„Би сакал да го кажам тоа дека усмерувањето или поттикнувањето на поединци кои бараат заштита да заминат во одредени безбедни региони, не претставува политика на Владата на САД. Никого не усмеривме кон одредена земја, вклучувајќи ја и Турција. Чувствуваме жалење од загриженоста предизвикана од изјавите во врска со можното патување на Авганистанците во Турција.“ 

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс исто така нагласи дека ѝ се заблагодаруваат на Турција која е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан, Иран и од други земји.



Слични вести