Израелската армија изврши воздушен напад врз некои области во јужниот дел на Либан

Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае информира дека израелски воени авиони вчера ги бомбардираа местата во јужниот дел на Либан од кадешто се истрелуваат ракети врз Израел и тунелите коишто се користат со терористички цели

1685840
Израелската армија изврши воздушен напад врз некои области во јужниот дел на Либан

Израелската армија реализира воздушен напад врз некои области во јужниот дел на Либан.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае во објавеното соопштение на својот профил на социјалната нмрежа Твитер информира дека израелски воени авиони вчера ги бомбардираа местата во јужниот дел на Либан од кадешто се истрелуваат ракети врз Израел и тунелите коишто се користат со терористички цели.

Адрае предупреди дека израелските бомбардирања против овие видови цели ќе продолжат и дека може да се зголеми и дозата на овие напади против терористичките акции насочени кон Израел. 

Воедно и во вестите објавени во локалниот печат во Либан се истакнува дека израелски воени авиони реализирале два воздушни напади врз областа Ед-Димашкијје на југот на земјата. 

Израелската армија претходно соопшти дека вчера од Либан биле истрелани 3 ракети врз северниот дел на земјата, од кои две паднале на празни ненаселени места, а една ракета паднала на територијата на Либан.

Како одговор на тоа, беше истакнато дека, израелската армија отворила топовски оган кон либанската страна на границата.



Слични вести