Бајден ја одобри првата продажба на оружје на Тајван

Според веста на информативниот орган „Блумберг“, американскиот Државен секретаријат го извести Конгресот во врска со продажбата на оружје на Тајван

1685816
Бајден ја одобри првата продажба на оружје на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден ја одобри првата продажба на оружје на Тајван за којашто се очекува да изнесува околу 750 милиони долари.

Според веста на информативниот орган „Блумберг“, американскиот Државен секретаријат го извести Конгресот во врска со продажбата на оружје на Тајван.

Согласно договорот за оружје одобрен од страна на администрацијата на Бајден, Соединетите Американски држави (САД) ќе му продадат на Тајван 40 нови подвижни хаубици М109 и 1.700 комплети за прецизно насочување, така што оваа продажба на оружје од страна на САД на Тајван се очекува да достигне до 750 милиони долари.

Оваа одлука на САД се очекува да го налутат официјален Пекинг кој истакнува дека Тајван е неделив дел од територијата на Кина. 

 



Слични вести