Режимските сили на Асад извршија минофрлачки напад врз џамија во градот Дера

Режимските сили составени од силите на Асадовиот режим и милициските сили поддржани од Иран, продолжуваат да го држат под опсада маалото Дера ел-Белед кадешто како последно извршија минофрлачки напад врз една џамија

1685683
Режимските сили на Асад извршија минофрлачки напад врз џамија во градот Дера

Режимските сили на Асад извршија минофрлачки напад врз една џамија во маалото Дера ел-Белед во градот Дера во јужниот дел на Сирија, кое инаку го држат под опсада.

Режимските сили составени од силите на Асадовиот режим и милициските сили поддржани од Иран, продолжуваат да го држат под опсада маалото Дера ел-Белед.

Според објавеното соопштение на профилите на Заедницата за слободи „Хоран“ формирана од активисти и новинари од Дера преку социјалните медиуми, минофрлачка граната истрелана од страна на режимските сили ја погодила џамијата „Са'д бин Еби Ваккас“ во моментот кога се клањал пладневниот намаз (пладневниот верски обред, молитва).

Во соопштението се истакнува дека во нападот нема човечки загуби и дека е причинета материјална штета во џамијата.

 



Слични вести