ОН не го поддржуваат повторното враќање на „Исламскиот емират“ во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) алудирајќи на Талибан, соопшти дека не го поддржува повторното враќање на „Исламскиот емират“ во Авганистан

1685496
ОН не го поддржуваат повторното враќање на „Исламскиот емират“ во Авганистан

Обединетите нации (ОН) соопштија дека не поддржуваат повторното враќање на „Исламскиот емират“ во Авганистан.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во објавеното заедничко соопштение најостро го осуди нападот врз комплексот на Обединетите нации (ОН) во градот Херат, во Авганистан, во кој загинаа припадници на авганистанските безбедносни сили.

Истакнувајќи дека се чувствува длабока загриженост од порастот на насилството и прекршувањата на човековите права во Авганистан, Советот ги осуди и сите терроистички настани и намерно извршените напади врз цивилите во земјата.

Советот укажа дека намерно извршените напади врз цивилите, персоналот на ОН и објектите на ОН можат да се оценат како „воено злосторство“ и воедно упати повик до авганистанската Влада и Талибан да изнајдат политичко решение на кризата и да воспостават сеопфатен прекин на огнот, под водство на Авганистанците.

Привлекувајќи внимание дека не е можно да се изнајде воено решение за кризата, Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) исто така , алудирајќи на Талибан, соопшти дека не го поддржува повторното враќање на „Исламскиот емират“ во Авганистан.



Слични вести