Од удари од гром за време на свадба во Бангладеш загинаа 16 лица

За време на свадба во градчето Шибганж во областа Шапаинавабганж се појавил силен ветар при што врз голем број лица кои се обидувале да се заштитат од нервемето удрил гром и за само неколку секунди животите ги загубиле 17 лица

1685643
Од удари од гром за време на свадба во Бангладеш загинаа 16 лица

Од удари од гром за време на свадба во Бангладеш загинаа 17 лица.

За време на свадба во градчето Шибганж во областа Шапаинавабганж се појавил силен ветар при што врз голем број лица кои се обидувале да се заштитат од нервемето удрил гром и за само неколку секунди животите ги загубиле 17 лица.

Невестата која во тој момент била далеку од насобраните луѓе се спасила, додека младоженецот бил повреден.

Инаку, во јужноазиската држава Бангладеш поради удари од гром секоја година животите ги губат стотици лица.

Претходно силните врнежи од дожд коишто една недела како продолжуваа во областа Кокс Базар станаа причина за смртта на приближно 20 лица од кои 6 мина бегалци од Аракан.

Некои експерти истакнуваат дека за намалување на влијанието на климатските промени се заседени стотици палми и дека тоа доведува до чести случаи на удари од гром во кои животите ги загубат голем број лица.



Слични вести