Израел ја криел смртта на 6 палестински цивили за време на нападите врз Појасот Газа во мај

Во веста на израелскиот весник „Хаарец“ се вели дека и покрај тоа што било испланирано израелската армија на 13 мај да реализира напад во Бејт пред нападот не биле предупредени жителите на областа за да ги напуштат своите домови

1685195
Израел ја криел смртта на 6 палестински цивили за време на нападите врз Појасот Газа во мај

Како што се истакнува, израелската армија го криел случајот во кој за време на реализираните напади врз Појасот Газа кој се наоѓа под блокада, во месец мај, животите ги загубија 6 мина палестински цивили.

Во веста објавена во израелскиот весник „Хаарец“ се вели дека и покрај тоа што било испланирано израелската армија на 13 мај да реализира напад во Бејт Ханун пред нападот не биле предупредени жителите на областа да ги напуштат своите домови.

Во веста се истакнува дека во нападот загинаа 6 цивили од кои 3 жени, 2 деца и еден маж, а 25 мина цивили се ранети.

Како што се наведува, случајот се истражува од страна на армијата, но не и е соопштен на јавноста.

Како резултат на истражувањето биле суспендирани неколку војници со помали чинови, но потоа тие се вратиле на својата задача.

Во веста на „Хаарец“ исто така стои информацијата дека еден офицер со повисок чин бил преместен во друг баталјон и дека во врска со случајот не е казнет ниту еден офицер.



Слични вести